Мек Грегор удри по Алварез: Благословен си што те избрав да те претепам, готов си за една рунда! (ВИДЕО)

mek-gregor-alvarez-pres

Шампион во перолесна категорија на УФЦ, Конор Мек Грегор, не разочара на синоќешната прес-конференција за УФЦ 205 во Њујорк. „Озлогласениот“ на 12 ноември со првакот на лесна категорија, Еди Алварез, ќе се борат за неговиот појас, а на конференцијата во свој стил веќе ја започна вребалната војна и го кажа неговото нова пророштво …

„Затни си ја твојата ебана устата. Јас сум главен во Њујорк и го водам целото ова шоу. „Mystic Mac“ предвидува дека ќе те нокаутирам за една рунда“.

„Ги мавам борците од негов тип многу јако, многу долго. Тој е крупен, пополн борач со „оверхенд“ и тоа е тоа“.

„Тој ќе спасува жива глава. Долги 25 минути се во кафез. Може да те ударам од каде било, а тоа и ќе му се случи. Ќе испаничи, а јас ќе го удирам од сите правци. Порано или подоцна ќе падне. Еден од тие удари ќе му го заковам во слепоочницата и тоа ќе биде крај“.

„Кажи како стојат работите. Благословен си. Благословен си што те избрав тебе. Благословен си што одлучив да ти го скршам газот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО