Руските борци Сергеј Харитонов, Вадим Немков и Анатоли Токов потпишаа нови договори со Белатор и нема да одат никаде во скоро време.
Харитонов (28-6 MMA, 2-1 BMMA) стана најбрз борец кој успеа да го нокаутира Рој Нелсон и сега ќе се бори против Мет Митрион на Белатор 216. Тој е во серија од 5 последователни победи и во последните 8 години има само 1 пораз од Чави Ајала.
Немков (10-2 MMA, 3-0 BMMA) во последниот меч успеа да изненади со победата над Фил Дејвис на Белатор 209, а пред тоа беше во серија од 4 последователни победи со нокаут. Тој се натпреварува во полутешка категорија и наскоро може да се бори за титулата. Вадим е во тимот со легендата Федор Емелијаненко. Токов (27-3 MMA, 3-0 BMMA) исто така е во тимот на Федорr. Tој успеа да ги добие првите три средби во Белатор,а последната победа е над поранешниот шампион Александар Шлеменко.
https://twitter.com/BellatorMMANews/status/1081648690819944448?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fmma-novini%2Fsergei-kharitonov-vadim-nemkov-i-anatoly-tokov-prepodpisaha-s-bellator
.