Џарел Милер и Џозеф Паркер откажуваат борба со Усик или бегаат

Дилиен Вајт можеби и не знае кој е Александар Усик, но по се изгледа дека другите борци во тешка категорија го знаат и не сакаат да си имаат работа со него. Според Александар Красјук, промоторот на Усик, Џарел Милер и Џозеф Паркер одбиле да се борат со него во тешка категорија. Милер е кандидат за борба со Ентони Џошуа во април и неговото одбивање не е изненадување. Усик (16-0, 12 KO) е неприкосновен шампион во полутешка категорија, но има желба да се испроба и во тешка.

Красјук истакна дека 70 отсто е веројатноста оваа година Усик да го направи многу очекуваното деби во тешка против Александар Поветкин или Луис Ортиз. Борбата меѓу Поветкин и Усик ќе биде интересна, бидејќи двајцата се златни олимписки медалисти и се од Русија и од Украина, кои во моментов имаат затегнати односи.

Во последениот меч во ноември минатата година Усик успеа да ја одбрани титулата против Тони Белју, но доста фанови сметаат дека бил разобличен од Тони, а пред тоа го сметаа за подобар дури и од Ивандер Холифилд. Многу луѓе сметаат дека тој треба да остане во полутешка категорија, бидејќи е премногу мал и слаб за тешка.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО