Даниел Стефановски на гости кај Глигор Стојанов во Тајланд со порака до фановите од Македонија (ФОТО)

Македонскиот воин Даниел Стефановски е на одмор во Тајланд, но и не може а  да не тренира кик бокс. Таму се сретнаа со Глигор Стојанов кој му беше домаќин на неколку тренинзи и покажаа какви борци има Македонија.

„Сега сум во Тајланд на одмор… ама и на одмор јас тренирам“, вели Стефановски и за дружбата со Стојанов и како се покажал како домаќин, тој додава: „Супер е, ми го покажа целиот Пукет и се таму“.

Како и да е, по одморот ќе дојдат борбите.

„Првата борба ќе биде во февруари или март, но уште ништо не е потпишано. Сепак, ќе има големи вести во 2019 година“!

Што ќе им посакаш на твоите фанови во Македонија и светот во Новата година и за Божик?

-И благодарам на сите фанови за поддршката и се најубаво во Новата година! Среќен Божик! Сите да бидат живи и здрави!

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО