Ентони Џошуа (22-1, 21 КО) во американското деби остана без титулата светски шампион во тешка категорија.
29-годишниот Британец е поразен во Медисон сквер гарден во Њујорк од Енди Руиз Јуниор (33-1, 22 КО) со прекин во седмата рунда и ги зазгуби ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО титулите.
Руиз поагресивно ја отвора борбата и прави притисок. Добро ја почнува втората рунда, продолжува со притисокот, но бранителот на титулите погодува со добар заден директ, па со предно лево кроше.
Во спектакуларната трета рунда Џошуа отвора со десен директ, па влегува во размена на удари и го соборува Руиз по 60 секунди во рундата. Мексиканско-американскиот тешкаш стана од подот и нападна со крошеа и наскоро го здрма, па го соборуваше барнителот на титулата. Остануваа уште седумдесетина секунди до крајот на рундата и Руиз не дозволи сериозно закрепнување на ЕЏ. Џошуа се спасува со држење, но Мексиканецот е се ослободи и со сјајна серија во последните секунди повторно го урива Џошуа кој за малку ќе испаднеше од рингнот.
Следната рунда Џошуа успеа да ја искористи паузата, а противникот не ги форсираше нападите.
Две минути во шестата рунда поминуваат во слично темпо, по што Џошуа погаѓа со одлично лево кроше на што Руиз реагира со заден директ.
На почетокот на седмата рунда со серија на удари Руиз повторно го урива Британецот. Потресениот Џошуа успеа да одговори на броењето, но наскоро повторно завршува на подот по комбинацијата на Руиз од три удари во средината на рингот. Стана, но судијата виде дека не реагира на неговите упатства и ја прекина борбата.
На Руиз ова му беше втор меч за титулата светски шампион откако го доживеа единствениот пораз во кариерата во двобојот за слободната титула на ВБО од Џозеф Паркер.
Со ова стана првиот светски првак во тешка категорија од мексиканско потекло. Во мечот влезе како замена за Џарел Милер, кој падна во допинг тестот.
Џошуа по првиот пораз во професионалната кариера, му честиташе на победникот и и порача на американската публика дека повторно ќе се видат.
Руиз беше 10 сантиметри понизок од Џошуа и имаше 20 сантиметри помал растег на рацете. Беше 9 килограми потежок од Британците.