Смит го задави Густфасон

Ентони Смит (32-14, 8-4 UFC) славеше во главната борба УФЦ во Стокхолм.

Во двобојот на поранешните предизвикувачи за титулата во полутешка категорија, 30-годишниот Американец со давење од позади во четвртата рунда го совлада Александар Густафсон (18-6, 10-6 УФЦ) пред неговата публика.

Смит беше поагресивен во првата рунда во однос на пасивниот Швеѓанец кој во поголем дел од првата рунда кружеше околу противникот и упатуваше по некој удар, најчесто со нога во коленото.

И во втората рунда борбата се одвиваше со споро темпо, но Густафсон, кој и понатаму кружеше околу противникот, беше поактивен, што доведе до до тоа да прими повеќе удари.

Швеѓанецот во третата го подига темпото, а по одличниот среден удар пред крајот на рундата го соборува Американецот и напаѓе до истекот на времето.

И четвртиот почнува така што Смит оди напред, а „Маулер“ кружи околу него. Откако зададе неколку удари, Густафсон влегува во размена на средината на арената. Во та позиција Смит го зема грот на Густафсон. Го израмни во партер и го нападна со удари пред да го принуди со давење да се предаде.

И двајцата влегоа во оваа борба по поразот од Џон Џонс. На Густафсон ова му е втор пораз на четири средби на УФЦ во Стокхолм. Во 2015 година го нокаутираод Џон Џонсон.

Александар Ракиќ со спектакуларен висок лев хај кик за 42 секунди го нокаутира Џими Манува.

Дарко Стошиќ е поразен со едногласна одлука на Девин Кларк, а Дамир Хаџовиќ од Христос Џагос.

УФЦ на ЕСПН + 11:

Ентони Смит – Александар Густафсон (сабмишн, давење од позади, Р4)

Александар Ракиќ – Џими Манува (КО, Р1)

Макван Амирхани – Крис Фишголд (сабмишн, анаконда давење, Р2)

Христос Џигос – Дамир Хаџовиќ (едногласна одлука на судиите, 29-27, 29-27, 29-28)

Даниел Тејмур – Сунг Бин Јо (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 29-28)

Сергеј Кандожко – Ростерн Аман (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)

Лина Лансберг – Тони Евингер (едногласна одлука на судиите, 30-26, 30-27, 30-26)

Леонардо Сантос – Стиви Реј (КО, Р1)

Френк Камачо – Ник Хаин (TKO, Р2)

Беа Малецки – Едуарда Сантана (поднесок, заден стрес, Р2)

Девин Кларк – Дарко Стошиќ (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)

Џоел Алварез – Данило Белуардо (ТКО, Р2)

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=yJMR-e37JVo
https://www.youtube.com/watch?time_continue=8&v=7lLlsm053PM
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО