Сент Пјер: Ник Дијаз може да стане шампион во УФЦ

Легендарниот Жорж Сент Пјер верува дека неговиот поранешен ривал Ник Дијаз има квалитети да биде шампион во УФЦ. Во последните неколку недели имаше извештаи дека Ник планира да се врати во октагонот. Дури започнал да тренира и да се подготвува за првата борба по скоро шест години. 37-годишниот Американец е во серија од два последователни порази и неговата последна победа беше над Б.J. Пен во 2011 година.

Ник е поранешен шампион на Страјкфорс и два пати не успеа во шампионските борби во УФЦ. Дијаз загуби од Кондит, а потоа и од Жорж Сент Пјер. Сега, 7 години по нивната борба, Жорж тврди дека Ник би можел да биде шампион во најголемата ММА организација.

„Му посакувам се најдобро на Ник Дијаз. Ќе бидам среќен да го видам во кафезот. Сакам и се надевам дека ќе се врати добар, како што беше порано или уште подобар. Верувам дека би можел да биде шампион во УФЦ. Има луд стил. Ник пресира и неговиот стил е многу, многу, многу потценет.

Имате чувство на клаустрофобија кога ќе се борите против него. Тој си игра со вашиот ум. Ник е многу добар борец. Мислам, дека ќе им напарви проблеми на многу борци.

Отсекогаш сум велел дека Ник требаше да се бори против Тајрон Вудли кога беше шампион. Ќе беше добра битка за навивачите и Ник имаше шанса да победи од гледна точка на стиловите“, рече Сент Пјер.

Во последната борба Ник загуби од Андерсон Силва, но победата беше откажана затоа што двајцата паднаа на допинг-тест.

https://www.instagram.com/p/CGAuZ1op–6/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CFpVSEMMyuL/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON