Дилан Денис: Конор ќе го прегази Хабиб втората борба

Соборецот на Конор Мек Грегор, Дилан Денис тврди дека неговиот пријател ќе доминира со Хабиб Нурмагомедов во втората битка меѓу нив.

Пред неколку дена поминаа две години од првата борба меѓу Хабиб и Мек Грегор за титулата во лесна категорија. Хабиб тогаш доминираше над својот жесток непријател, соборувајќи го и принудувајќи го да се предаде во 4-тата рунда.

По борбата, „Орелот“ почна масовна тепачка со луѓето од таборот на својот ривал и размени удари со Дилан Денис. Хабиб се присети на битката со Мек Грегор и напиша дека момчињата од планините испишале историја со крвта на противниците. Сепак, ова не би се случило по втор пат, или барем така верува Дилан Денис.

„Кога Хабиб и Конор ќе имаат реванш, дури тоа нема да биде рамноправен меч. Мек Грегор ќе доминира со него во секој аспект. Запомнете ги моите зборови“, напиша Дилан.

https://www.instagram.com/p/CGDjRakpLg6/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО