Сент Пјер не се откажува од борбата со Биспинг:„Уште има надеж“

Ветеранот на УФЦ и поранешен шампион Жорж Сент Пјер уште верува дека ќе се бори со Мајкл Биспинг и по  откажувањето на нивената борба од страна на УФЦ.

УФЦ не сака да чека до октомври, за кога ЖСП го најави своето враќање по четири години отсуство, за да го ослободи Биспинг за неговата втора одбрана на појасот. Прилика ќе добие Јоел Ромеро кој веќе долго време се чека својата шанса.

„Невозможно е да се направи таа борба пред октомври. Дана Вајт вели понекогаш кажува многу. Не можам да се борам пред октомври, не само поради УСАДА-од туку и поради други обврски, а ги имам многу. УФЦ знаеше за тоа“, рече ЖСП кој тврди дека УФЦ дури и не му јавил дека борбата е откажана, а за тоа дознал од медиумите. „Не можам да кажам што се случува. Ги слушнав вестите, а мојот агент разговара со УФЦ. Борец не разговара со промоторите, тоа го работи агентот“.

Легендарниот борец кој доминираше шест години со категоријата верува дека сепак ќе се бори со Биспинг во својата повратничка борба.

„Тоа е борбата што ја сакам, а и Биспинг ја сака, барем така слушнав. Фокусиран сум и го сакам тој меч, но ќе видиме што ќе се случи. Уште има надеж“, заклучи ЖСП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО