Миочиќ го нокаутира Дош Сантос во првата рунда (ВИДЕО)

Стипе Миочиќ втор пат ја одбрани шампионската титула на УФЦ во тешка категорија.

Во главната борба на УФЦ 211 во Далас „Пожарникарот“ за 2 и пол минути во реваншот го нокаутира Жуниор дош Сантос.

Од почетокот на борбата се обидуваше да го притисне Бразилецот до жицата кој го погоди со неколку ниски удари (лоу кикови). Миочиќ го здрма противник со десно кроше, а потоа и го сруши со уште два удари и заврши на партерот.

Дош Сантос му го нанесе последниот пораз на Миочиќ. Во декември 2014 година славеше со одлука на судиите.

Американскиот Хрват последните четири борби ги заврши со нокаут во првата рунда и во моментов е во серија од пет победи. Со оваа победа се изаедначи на врвот во број на успешни одбрани на титулата во УФЦ во тешка категорија. Бразилецот има 3 победи и 4 порази во последните седум натпревари.

https://youtu.be/2Npn9x78FfM

https://youtu.be/Dswqa75CHcA

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО