Сениорите на Преспа освоија 4 медали, а пионерите 3 на Државните првенства во џудо

Џудо клубот Преспа на Државните првенства за сениори и пионери освои седум медали, од кои 4 во сениорска конкуренција – 1 златен и 3 сребрени, а трите одличја во пионерска се бронзи.

Кај сениорите медлаите ги освоија:

Ангела Боровичанин- злато

Емилија Поповска – сребро

Лилјана Недановска- сребро

Димитар Тасевски –  сребро.

Кај пионерите со медали се закитија:

Јана Марковска – бронза.

Катерина Спасова -бронза.

Сара Христовска – бронза.

„Нашите џудисти прикажаа одлични борби. Тренинзите и квалитетот на клубот и тренерот Александар  Фузевски даваат резултати,  со уште поголема мотивација да се продолжи за уште подобри резултати“, велат од клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО