Мејведер сака да го купи Фудбалскиот клуб Њукасл

Непоразениот светски шампион, Флојд Мејведер, е заинтересиран за купување Фудбалскиот клуб Њукасл од Англија.

Овој клуб веќе извесно време е на продажба, се изредија неколку потенцијални купувачи, последен меѓу нив е славниот боксер Флојд Мејведер.

За време на една прес-конференција турнејата во Велика Британија, тој беше директно прашан дали е вистина дека ќе го купи Њукасл.

„Во Америка овој спорт го викаме сокер. Њукасл е одличен тим со неверојатни навивачи. Ако сопственикот на клубот сака да го продаде – нека ми се јави“, рече Мејведер

Неговите претставници веќе се распрашувале за условите на продажбата, но тоа засега не е официјално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО