Семинар за изреалската боречка вештина „капап“ во Скопје

Avi nardia

Љубителите на боречки вештини ќе имаат можност на 21 и 22 мај во Скопје да учествуваат на капап семинар (изреалска боречка вештина) под водство и инзворедниот мајор Ави Нардија. Семинарот ќе се одржи во Хоши доџо, во скопската наслеба Лисиче, во близина на новите 40 катници.

chaim peer

ИСТОРИЈА

Капап (Хебрејски: קפא”פ, קפ”פ) претставува вештина за самоодбрана и систем на борба развиен и усвоен од страна на израелските воени и полициски специјални единици. Капап е скратеница, односно акроним на хербрејските зборови: „Крав паним ел паним“, што во превод значи борба лице во лице.

Првите почетоци на капап и обуки се започнати во 30 -ти и раните 40-ти години на минатиот век во рамките на еврејските „Алијах кампови“, како дел од подготовките за враќање на еврејското населенеието на тие територии. Во тој период се забележани огромен број на инциденти помеѓу малубројното еврејско население и далеку повеќебројното арапско население.

Kapap 40 godini

Капап поради високата ефикасност е општо прифатен од страна на специјалните израелски единици во полицијата и војската:

Sayeret Matkal – специјална воена единица кој долго време е држена во тајност и за нејзиното постоење знаеле само високите воени кругови. Создадена е од страна на израелската разознавачка служба Мосад, со задача извршување на најтешките и најопасни мисии.

Јамам – најелитна специјална единица на израелската полиција, која има висока светска репутација во анти-терористичко дејстување. Интересен податок е што за влез во оваа специјлна единица секоја година се пријавуваат по 12.000 регрути од кои само минимален број од околу 10 припадници ја поминуваат ригорозната едногодишна обука и селекција. Во јамам единицата се регрутираат исклучиво припадници од другите единици. Само најдобрите меѓу најдобрите можат да бидат членови на оваа единица.

Покрај веќе споменатите единици во светот капап го изучуваат и применуваат и следните единици: американските фоки и маринци, сват, канадските специјални единици, италијанските карабињери, спрската жандармерија, ПТЈ Србија и многу други специјали единици, вип обезбедувања, агенции итн.

Капап ги комбинира елементите: брзина, координација, стратегија, снага и флексибилност. Многу е ефикасен во примена во стоечка „stand-up“ борба, како и во партер – борба на земја. Таа е составен дел од обуката за воените и полициските единици, како6 и за цивилниот сектор. Покрај техники со празни раце, опфаќа и обука од вооружени напаѓачи со ладно и со огнено оружје. Многу ефикасните техники во борба, без оглед на големината на противникот го прави применлив за полициски, воени единици и цивили. Oпфаќа обуки за борба и борење на најефикасните и применливи техники на улична или урбана борба од различни боречки вештини и методи кои се ефикасни и делотворни во реални и стресни ситуации. Така со време во составот на капап влезени се: џудо, аикидо, карате, кик бокс, БЏЏ, ескрима и др. Благодарејќи на постојаната еволуција капап е инзворедно ефикасен и успешен систем на самоодбрана на изралеските специјални единици и во поново време на цивилите.

Kapap nasovna

Во Капап обуките составен дел е работата со ладно оружје како: нож, палки – кои станале многу популарни меѓу младите регрути и со години го усовршувале нивното ракување во борбите и обуките. Во реалните ситуации палките се користени за одбрана од честите напади  на локалното население со нож. Исто така, тука спаѓа и обука со различни типови на огнено оружје.

Покрај техничката подготвеност во капап обуките се става акцент и на кондиционите и физичката подготвеност: пешачење, трчање, планинарење, пливање, како и други современи методи на подготовка.

Капап се до 2000 година е трениран и изучуван екслузивно за воените и полициските специјални единици. Од 2000 година двајца долгогодишни инструктори на капап на специјалните единици започнуваат да обучуваат цивили, како и да го шират меѓу цивилното население во повеќе од 60 земји. Тоа се потполковник Чаим Пеер и мајор Ави Нардиа.

Потполковник Чаим Пеер служел во најелитната воена единица „Сајерет Маткал“. Човек кој се одликува со одлична подготвеност, способност и професионалност. Одликуван е од страна на тројца различни началници на генералштабот на Израел со ордени за заслуги.

 Мајор Ави Нардиjа својата кариера ја започнал како пилот во израелската армија, потоа преминал во специјалните спасувачки единици во војската, а подоцна станува инструктор по борба во армијата. Својата кариера ја крунисува како припадник на елитните полициски специјална единица „Јамам“, во која и долг период е инструктор. Човек кој во својата воено полициска кариера поминал многу обуки, доглгодишно искуство со боречки вештини меѓу кои поважни се: 7 дан АКЏЏ, 6 дан кендо, 5 јодо, 4 дан кудо, црн појас БЏЏ Мачадо, сертифициран инструктор по нуркање и подводна борба, дефанзивна полициска тактика, инструктор за огнено професионално оружје, капап инструктор за обука ИДФ и многу други обуки и способности.

Инструктор со огромно иксуство , техничко, тактичко, ракување со различни видови на ладни оружја, како и огнено. Инструктор кој одржува семинари, обуки, тренинг кампови ширум светот.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО