Балканец и Општина Карбинци потпишаа договор за соработка

Balkanec vo Veles

Градоначалникот на Општина Карбинци, Зоран Минов и Марјан Атанасов и Методи Сичков, претседателот и директорот на Боречкиот клуб Балканец од Штип потпишаа договор за соработка, со кој се предвидува Општината да обезбеди превоз за децата што сакаат да тренираат борење во Балканец.

Директен повод за потпишувањето на договорот е последното училиштно првенство, бидејќк многу таленти се наметнале од Општина Карабинци, а со цел да им се овозможат услови за тренирање, кои во Карбинци ги нема, и стручен кадар е напарваена оваа корисна соработка, која е мотивирачка.

Целта на Блаканец е да ја врати славата на борењето и да никнат нови шампиони.

Инаку од Општина Карбинци се излезени многу славни  борачи како Стојан и Киро Ристови, Жарко и Лазар Коцеви, Виктор и Дејан Богданови.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО