Општина Штип го награди Емил Павлов со 30.000 денари

Emil kaj Zahariev so

Освојувачот на бронзениот медал на Европското карате првенство во Франција, Емил Павлов од КК Штип, денеска од Општина Штип доби парична награда од 30.000 денари за освоениот медал.

Emil kaj zahariev sedi

Павлов и со тренери Сашко и Жарко Арсовски имаше прием кај градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев.

„Стана вообичаено кога е во прашање Емил Павлов, дека од секој натпревар ни доаѓа со медал, така и овој пат од сениорското првенство во Франција, донесе бронзен медал и тоа покажува колку голем спортист е, колку се вложува со тренерите Арсовски. Можам да посакам Павлов да продолжи со исто темпо и дека наскоро ќе дојде со златен медал, бидејќи со тоа го гледаме и нашиот престиж и ги презентира државата, градот и македонското знаме. Павлов е во години кога допрва ќе се изградува. Времето работи за него, и од него допрва ќе очекуваме успеси. Општината одлучи да го награди со 30.000 денари, симболична поддршка, како поттик да се работи уште поуспешно“, рече Захариев.

Павлов заблагодарувајќи се на наградата добиена од Општина Штип, вети нови успеси и истакна дека главна цел му е светското првенство во Австрија.

„Овој медал е голема мотивација за мене и сакам да им се заблагодарам на моите тренери, Сашко и Жарко Арсовски, кои се најзаслужни за мојот усепх, на Карате федерацијата и на моето семејство. Она на што ќе работам следниот период се Премиер лигата во Истанбул, а потоа Светското првенство во Австрија“, истакна Павлов.

Прослава
Прослава

Тренерот Жарко Арсовски верува дека Павлов има големи шанси за врвни успеси.

„Патот до Европското првенство беше тежок, знаете дека и јас настапував, но немав сила и завршив седми. Но, тоа нему не му пречеше. За влакно му побегна финалето, практично загуби во последните 10 секунди. Сосема сум сигурен дека турскиот репрезентативец не е подобар од него и во следна прилика, на следното пренство знам дека ќе го декласира“, рече Арсовски.

Градоначалникот Захариев вети понатамошна подршка и напомена дека локалната самоуправа финански подржува 18 клубови во прва лига во различни спортови за што се издвојуваат 500.000 евра.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО