Чудна ситуација пред Европското првенство во борење за У-23 во Скопје од 17 до 23 маја, селекторот на македонската репрезентација на оваа селекција најверојатно нема да ја води нашата селекција.
„Никој од раководството на Боречката федерација (БФРСМ) не ме извести ниту за подготовки, ниту дека треба повикам борачи, како за подготовки така и за настап на ЕП, ниту дека јас треба да ги водам, иако сум легално избран за селектор“, вели селекторот на У-23, Горан Атанасов.