Дејан Митровски задоволен од 22 медала и од потенцијалните репрезентативци на „Балкан опен 2018“ (ФОТО)

 

Македонските кикбоксери кои изминатиов викенд настапија како ВАКО Македонија, односно под закрила на Кик бокс федерацијата на Македонија (КБФМ) на Меѓународниот кик бокс куп „Балкан опен 2018“ во Тешањ, Босна и Херцеговина, освоија 22 медали – 8 златни, 6 сребрени и 8 бронзени.  

Според наша пресметка и првиот текст, освоени се 24 медали.

Нашите репрезентативци од повеќе клубови (9 клуба – 23 натпреварувачи) настапија во сите возрасти во дисциплините PF, LC, KL, K1, LK. На Купот учествуваа 490 натпреварувачи од 96 клубови од 15 држави во вкупно 707 борби.

Носители на медали од нашата репрезентација се:

– Бобан Илиоски – Шампион Скопје – златен медал
– Марко Тодоров – Шампион Скопје – бронзен медал
– Ледон Рамадани – Шампион Скопје – бронзен медал
-Викторија Варадинова – Шампион Скопје – 2 сребрени медали

– Филип Ризов – Будо Кавадарци – 2 златни медали
– Блаже Настов – Будо Кавадарци – 1 златен и 1 сребрен медал
– Ристе Атанасов – Будо Кавадарци – златен медал

– Дарко Најдов – Гладијатор Скопје – сребрен медал
– Марко Горневски– Гладијатор Скопје – сребрен медал
– Стефан Димитриовски – Гладијатор Скопје – бронзен медал

– Марија Јанева– Гладијатор Неготино – 1 сребрен и 1 бронзен медал
– Мартин Митиќ– Гладијатор Неготино – бронзен медал

– Медин Ахмети – Наско-тим Скопје – златен медал
– Енес Азири – Наско-тим Скопје – златен медал
– Фезир Азири – Наско-тим Скопје – бронзен медал

– Акан Адемов – Д-Џим – Штип – бронзен медал
– Кристијан Корпашов – Д-Џим – Штип – бронзен медал
– Петар Михов – Д-Џим – Штип – бронзен медал

– Димитар Ѓорѓиев – Работнички – Адора –Скопје – златен медал

-Павел Стојчевски – Ас – Делчево – бронзен медал

-Леа Бошевска – Самурај – Битола – сребрен медал.

Освоени медали по клубови:

1 КБК Шампион – Скопје 5 (1 златен, 2 сребрени, 2бронзени)

2 КБК Будо – Кавадарци 5 (4-1-0)

3 КБК Гладијатор – Скопје 3 (0-3-0)

4 КБК Гладијатор – Неготино 2 (0-0-2)

5 КБК Наско тим – Скопје 3 (2-0-1)

6 КБК Д-Џим – Штип 3 (0-0-3)

7 КБК Самурај -Битола 1 (0-1-0)

8 КБК АС – Делчево 1 (0-0-0)

9 КБК Работнички -Адора – Скопје 1 (1-0-0)

Нашата репрезентација доби пехар за најборбен тим во рингот, златна плакета за развој и придонес во кик боксот – доби претседателот на КБФМ – Дејан Митровски и пехар за најдобар јуниор на турнирот – доби Блаже Настов дел од македонската репрезентација – претставник на КБК Будо од Кавадарци.

„Како претседател сум задоволен од целокупниот успех на сите наши натпреварувачи. Криво ми е што Викторија Варадинова поради повреда на лактот не можеше да се избори за пласманот кој и припаѓа. Но, следниот пат ќе ја оправда репутацијата која ја ужива, како и Дарко Најдов кој цела борба се бореше со пукната коска на раката, повреда која ја здоби на почетокот на борбата и машки ја издржа до крај. Сите борци покажаа извонредна борба и спремност. Тие се во потесниот круг да бидат дел од македонската репрезентација кои ќе преставуваат нашата земја на престојните европски и светски првенства што следат. Ќе го истакнам Бобан Илиоски кој сите борби на последните првенства годинава ги завршува со нокаути, многу тренира и 100 отсто е посветен на тренингот . Исто така, изненади и Филип Ризов, кој изработи одлични борби и покажа дека е подготвен да ги брани боите на нашата земја, како дел од репрезентацијата на престојните европски и светски првенства“, вели претседателот на КБФМ и селектор на репрезентацијата Дејан Митровски – Урко.

Тандемот Дејан и Драган го подоигнаа на ниво КБФМ еднакво, па дури и подобро од многу земји кои порано беа недостижни за нас.

„Тоа е резултат на целокупниот тим на КБФМ и со сите клубови кој членуваат во Федрацијата, како и со помош на сите тренери што работат со натпреварувачите во нивните клубови“, истакнува Митровски .

Македонската репрезентација на овој куп замина со 32 претставници, предводена од претседателот на КБФМ со 6 тренери, 2 судии и 23 натпреварувачи.

Статистика на медали по држави:

Балкан опен резултати:

Статистика на освоени медали со вкупен пласман.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО