Македонската џиу џицу федерација ќе учествува на „Големиот балкански карате семинар“

Македонската џиу џицу федерација (МЏЏФ) ќе земе активно учество на „Големиот балкански карате семинар“ на 29 и 30 март во Скопје во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ – мала сала.

Ова се должи на фактот што карате и џиу џицу мајсторот Тони Петров (Бугарија) е еден од инструкторите на семинарот и ќе демонстрира карате џицу кое се применува во натпреварите

„Семинарот е во организација на Карате центарот „Пејов“ и нашиот спортски другар и голем спортист Зоран Пејов“, се наведува во објавата на МЏЏФ на нивната ФБ страница.

Семинароте почнува во 19 ќе трае до 22 часот. Секој учесник ќе добие маичка и сертификат.

Инаку, денеска официјално започна овој семинар од Ниш – Србија, по многу нешта единствен на овие простори. Продолжува утре во Ниш, а во среда се сели во Лесковац, па доаѓа два дена во Скопје (29 и 30 март), за да заврши на 31 март во Софија, Бугарија.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО