Седумина живеаат заради смртта на боксерот

7-мина луѓе продолжуваат да живеат, а причината е смртта на боксерот Скот Вестгарт.

Почина по победата во тежок меч во 12 рунди против Дек Спалман. За време на интервјуто, кое го даде по победата, се гледаше дека Вестгарт чувствува силна болка во главата. Токму и тоа е причината за неговата смрт. Беше примен во болница со крварење во мозокот, а неколку часа подоцна почина.

Според Ребека, неговата тажна мајка, Скот постојано ја кажувал својата желба за трансплантација на органите. Така успеаа да спаси цели 7 животи.

Британски боксер почина по средбата.

„Не знаев, но тој се запишал во листата на донатори на органи. Кога отидов во болница, го бакнав и ја ставив раката на неговото срце, тоа беше многу силно. Помислив, кој ќе го земе, ќе биде многу среќен. Ми кажаа дека спасил седум лица. И помагаше на луѓето до крајот на животот, таков беше“, раскажува таа.

„Скот и помагаше на луѓето до самиот крај. Секогаш беше на страната на аутсајдерот. Сакаше да помогне на секого. Беше толку мил, среќен, храбар … Сега сакам луѓето да го запомнат не само како боксер, туку како човек, и што беше“, признава госпоѓата Вестгарт.

И покрај големата трагедија, Ребека не смета дека боксот е виновен за тоа, што и го нема синот.

„Неговата смрт беше толку тежок момент, колку што може да биде за секоја мајка… Не можам да верувам дека повеќе никогаш нема да го видам. Боксот прави толку добри работи за многу млади луѓе. Ги држи на вистинскиот пат. Знам дека Скот го чувствуваше тоа на ист начин“, рече таа.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО