Седум каратисти на Макпетрол освоија медали на Балканското првенство

Изминатиот викенд од 23 до 25 февруари во Подгорица, Црна Гора, се одржа Балканскиот шампионат за сениори-ки.

Сениорскиот тим на Макпетрол на ова елитно регионално првенство настапи со вкупно 8 (осум) спортисти, а седумина од нив се закитија со бронзи. Макпетрол е најуспешен клуб по број на освоени медали. Една бронза е во поединечна конкуренција и шест медали во екипните настапи за репрезентацијата на Македонија.

Македонија на Балканското првенство освои 7 бронзи – 5 во поединечна конкуренција и 2 во екипна.

Во поединечните настапи првиот ден Викторија Јовановска го освои бронзениот медал.

Викторија Јовановска -61 кг, бронзен медал

-61 кг
Викторија Јовановска – Хана Дебељак (Словенија) 0-0
Викторија Јовановска – Луција Батаија (Хрватска) 0-1
Репасаж
Викторија Јовановска- Медина Бераковиќ (БиХ) 8-2
За бронза
Викторија Јовановска – Елмедина Истогу (Косово) 4-1

Во екипните настапи на репрезентацијата во машка и во женска конкуренција во дисциплината борби, освоени се два бронзени медали.

Прво мажите во елиминацискиот дел загубија од репрезентацијата на Србија со резултат 0-3, во борбата за медал успеаја да ја победат репрезентацијата на БиХ со резултат 3-0, и со тоа го обезбедија бронзениот медал. За тимот на Македонија настапија Петар Заборски, Витомир Трајковски и Данило Божовиќ, Емил Павлов и Љупче Михајловски, Мурсел Мисини и Вегим Мурати.

Во вториот дел од првенството до бронзениот медал стигна и женската екипа во дисциплина борби. За тимот на Македонија настапија Ангела Мојсовска, Викторија Јовановска, Јована Мицовска (сите од Макпетрол) и Вероника Костовска (Олимпик), тие во елиминацискиот дел ја победија екипата на Словенија 2-0, потоа загубија од екипата на БиХ со резултат 0-2, во репасаж во директна борба за бронзениот медал беа подобри од репрезентацијата на Србија и ја победија со резултат 2-0.

Во машкиот тим медали освоија следните спортисти:

  1. Петар Заборски- екипно бронзен медал
  2. Витомир Трајковски – екипно бронзен медал
  3. Данило Божовиќ- екипно бронзен медал

Во женскиот тим медали освоија следните спортистки:

  1. Викторија Јовановска (-61 кг) – бронзен медал, поединечно борби
  2. Ангела Мојсовска – бронзен медал екипно борби
  3. Викторија Јовановска – бронзен медал екипно борби
  4. Јована Мицовска – бронзен медал екипно борби

Конкуренцијата на балканското првенство беше силна, пропозициите за учество дозволуваат да бидат пријавени најелитните и најдобро рангирани 4 спортисти од секоја држава во секоја категорија, така да за освојување на медал беа потребни 4-5 последователни победи.

Сите спортисти настапија за сениорската репрезентација на Македонија, вкупно имаше 12 држави со 298 спортисти.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО