Френсис Нгану објасни по што најмногу се разликуваат Тајсон Фјури и Ентони Џошуа

Поранешниот шампион на УФЦ, Френсис Нгану, минатата година дебитираше во боксерскиот ринг, а фановите ги воодушеви со настапот против Тајсон Фјури.

Камерунскиот удирач му зададе многу мака на Кралот на Ромите, кој беше соборен во третата рунда, но се врати и победи со поделена одлука.

Нгану има нов предизвик, а на 8 март на настан во Саудиска Арабија ќе боксира против поранешниот шампион Ентони Џошуа.

Поранешната ѕвезда на УФЦ е уверена дека може да го победи поранешниот светски шампион, а во неодамнешното интервју за Мирор ја објасни разликата меѓу Џошуа и Фјури.

„Ентони Џошуа никогаш не користи валкан говор и е многу посериозен од Тајсон Фјури кој се однесува како плејбој. Но и двајцата знаат да се борат и на тоа сум фокусиран“, истакна Френсис Нгану и подвлече:

„Можеби Еј Џеј е малку нервозен, но тоа не значи ништо. Всушност, мислам дека ја сфаќа нашата борба многу сериозно. А тоа е многу важно, бидејќи на денот на мечот ќе даде се од себе во рингот“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО