Масовна тепачка во УФЦ во Мексико! (ВИДЕО)

Во саботата спрема недела се одржа настанот УФЦ Фајт најт 237 во Мексико Сити, а освен одличните борби во рингот, имаше тепачка и меѓу публиката во која учествуваа голем број навивачи.

Снимката од инцидентот покажува дека повеќе групи на навивачи се степале меѓу себе, а обезбедувањето доцнело во реакцијата да спречи поголем хаос.

За тепачка свој коментар даде и првиот човек на УФЦ, Дана Вајт кој делуваше изненадено и шокирано во исто време.

„Тепачката во публика не изгледа добро за УФЦ. Тоа е една од најлудите работи кои сум ги видел во животот. Не реагираше обезбедувањето, а тепачката траеше сè додека не заврши. Никогаш не сум виде слично с*ање во животот“, кажа Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО