Се замина Ламбе Иловски, добар познавач на каратето кој учеше од Таиџи Казе

Почина Ламбе Иловски, член на Карате клубот Металург.

„Беше еден од најдобрите карате борци во Македонија. Ќе ни остане вечно во секавање како добар другар и човек. Нека почива во мир“, напиша на Фејсбук тренерот на Металург Мирче Јанушевски.

Ламбе Иловски е мајстор на карате спортот генерација 1956 година.

Тој ја имаше можност да вежба со едни од најдобрите каратисти во тоа време во Македонија, Мирче Опеловски и Хари Ефтимовски.

Се одликува особено со одлична ножна техника мае гери.

Како член на Металург се натпреварува во поединечна и екипна конкуренција во борби.

Два пати е првак на Македонија во полутешка категорија поединечно борби. Се натпреварува и екипно борби во Првата македонска карате лига.

Подоцна, во 1998 година Ламбе го отвора Карате клубот Нике во населба Даме Груев во Општина Ѓорче Петров, каде што беше главен тренер.

„Како тренер успеа да им ја пренесе љубовта спрема карате спортот и да ги научи неговите ученици многу добра ножна техника. Најдобар пример за успесношта од неговата тренерска работа беше неговиот син Никола, кој имаше одлична и разновидна ножна техника и кој, исто како и Ламбе, успешно настапуваше за Карате клуб Металург и за Македонија на меѓународни првенства. Во категорија борби и кати поединечно и екипно.

Со неговата смрт изгубивме еден од малкумината добри познавачи на карате спортот кои што имаа можност да присуствуваат и изворно да учат карате на семинарите од јапонскиот инструктор сенсеи Таиџи Казе

Нека му е лесна земја“, истканаа од Карате клубот Металург и Мирче Јанушевски.

Погребот на Ламбе Илоски е утре гробиштата во Ѓорче Петров.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО