Се работи на средба Фјури-Џошуа во декември во Саудиска Арабија

Боксерскиот аналитичар и презентер Мајк Копингер изјави дека се работи на борба меѓу шампионите во тешка категорија Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.

Средба се закажаува за во декември во Саудиска Арабија, каде што и двајцата имаа борби пред неколку месеци. Фјури учествуваша на ВВЕ настанот, а неговиот сонародник си ги врати титулите со победата над Енди Руиз. Во моментов Џошуа ги има титулите на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО. Тајсон ја држи титулата на ВБЦ и мечот меѓу нив ќе го даде неоспорниот шампион во тешка категорија.

31-годишниот Фјури е без пораз во рингот со скор 30-0-1 и има шанса да стане неприкосновен шампион, дополнително зацврстувајќи го своето наследство во боксот. Во последната битка во февруари тој го победи Дионтеј Вајлдер. Џошуа, пак, има 30 години и е со скор 23-1. Средбата меѓу нив нема да биде лесна, бидејќи двајцатаимаат закажани средби.

Фјури требаше да се бори со Вајлдер, а Џошуа со Кубрат Пулев. Преговорите започнаа меѓу нив и ќе треба да му платат на Вајлдер да се откаже од трилогијата на Фјури, бидејќи тој веќе ја активираше клаузулата за непосреден реванш.

https://www.instagram.com/p/B_oHt_gpJAI/?utm_source=ig_embed

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО