Дана Вајт: Старвувам за нов меч меѓу Хабиб и Фергусон

Несомнено е дека борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон е најпроколната во историјата на УФЦ.

Требаше веќе да гледаме дуел меѓу нив, но битката не успеа пет пати. Последен пат, нивната средба пропадна минатиот месец, овој пат беше виновен коронавирусот. Хабиб се врати во Русија, откако не знаеше каде ќе се одржи настанот, а потоа не можеше да излезе поради забраната на валстите за спарвување со коронавирусот.

Многу навивачи не беа задоволни од оваа одлука на шампионот, но Дана Вајт ја поддржа. Така, УФЦ продолжи без него, а на УФЦ 249 ќе го видиме Тони Фергусон со Џастин Гејџи за привремената титула. Пред една година, претседателот на УФЦ се заколна дека никогаш повеќе нема да организира борба меѓу нив, но сепак им даде и 5-та шанса. Но, сега тој е скептичен и се плаши од 6-ти обид за овој епски судир.

„ Не сум баш сигурен дека ќе видиме меч меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон оваа година. Се плашам од тоа што ќе се случи, ако ја организираме битката по 6-ти пат“, рече Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО