Конор Мек Грегор донираше опрема во детска болница

Поранешниот двоен шампион во УФЦ, Конор Мек Грегор, направи уште една донација во борбата против коронавирусот.

Неодамна, големата ѕвезда на УФЦ донираше еден милион евра за да ја купи потребната опрема за лична заштита за оние кои се во првите редови во борбата. Минатиот месец, неговите донации пристигнаа со камион во болниците во Ирска.

Во четвртокот, Мек Грегор лично ја посети детската болница „Дева Марија“ во Крумлин, Даблин, која е најголемата детска болница во земјата. „Озлогласениот“, исто така, донираше опрема и на нив, документирајќи ја неговата посета со фотографии на социјалните мрежи.

„Денес ја посетив детската болница Кремлин“,напиша Мек Грегор.

Мек Грегор во јануари се врати во кафезот, забележувајќи нокаут-победа за 40 секунди над Доналд Цероне.

https://www.instagram.com/p/B_nrC3IpcQf/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО