ИОК со милионски загуби по преместувањето на Олимписките игри

Одложувањето на Летните олимписки игри предизвикаа големи финансиски проблеми на сите вклучени во најголемиот спортски настан на планетава. Сепак и покрај големите загуби олимпиското движење има начин како да им помогне на сите свои членови.

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет, Томас Бах изјави дека поместувањето на Летните игри во Токио за следната година ќе предизвикаат огромни финансиски загуби. Тој потенцираше дека се уште не се направени детални анализи, но се очекува дека загубата ќе изнесува неколку стотина милиони долари.

Поради тоа Бах најави дека постои можност за пренасочување на некои средства кои биле предвидени за материјални трошоци, а се цел да се покријат загубите, но и да им се помогне на националните олимписки комитети.

Интернационалниот олимписки комитет како резерва на располагање има една милијарда долари и сигурно дека дел од оваа сума ќе се активира за санирање на финансиските загуби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО