Се преправал дека е Олејник, па успешно го измамил сопственикот на познатиот руски циркус!

Еден измамник успешно го насамарил познатиот директор на „Големиот московски циркус“, претставувајќи се како тешкашот на УФЦ, Алексеј Олејник.

Во ерата на пандемијата на коронавирус, многу крадци станаа креативни, а еден за својата „претстава“ го користеше името на познатиот ММА борец Алексеј Олејник.

Според Едгард Запашњи, познат сопственик на рускиот циркус, некој го имамил за 50 илјади рубли (околу 600 евра). Наивниот Запашњи тврди дека непознато лице го контактирало преку WhatsApp и се претставило како тешкаш на УФЦ. Лажниот Олејник, наводно, го замолил за финансиска помош за итните здравствени проблеми во кои са нашла неговата сестра, а тој – наседнал.

Иако бројот со кој се контактирал му би непозант, Запашњи на крајот му испратил пари.

Набргу после тоа, сопственикот на славниот циркус решил да го повика Олејник, кого инаку лично го познава, а потоа тој му открил дека не знае за што станува збор. Тогаш Запашњи сфатил дека е измамен …

„Ме навредува тоа што ги изгубив парите само затоа што знам дека такво суштество никогаш нема да му помогне на никого“, коментираше Запашњи неодамна преку Инстаграм.

Рускиот Спорт експрес успеа да добие коментар од самиот Олејник, кој откри дека е во „неверување“ за ситуацијата, особено што знае дека Запашњи го има неговиот број.

„Ми објасни дека не бил концентриран затоа што во исто време имал лајв стрим и дека ми испратил пари, затоа што навистина мислел дека ми требаат“, рече Алексеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО