Се појавија детали околу тепачката на Мек Грегор во пабот

Британскиот бар Седл клуб објави соопштение поради гласините за тепачка на местото.

Пред неколку дена Конор Мек Грегор присуствуваше во пабот на погребот на неговата тетка. Ѕвездата на УФЦ беше снимен како брза да излезе од пабот пред да им каже на телохранителите да го изведат надвор. Сведоците тврдат дека слушнале звук од скршени шишиња.

„Раководството на нашата институција сака да ги расветли настаните што се случија на 18 јули. Г-дин Конор Мек Грегор присуствуваше на погребот на роднина во клубот Седл. И покрај шпекулациите, г-дин Мек Грегор се однесуваше како господин на семејниот погреб. Беше љубезен кон целиот наш персонал и членовите на клубот.

Исто така, се сликаше, потпишуваше автограми и даваше донации за некои добротворни организации во име на семејството. Кога се случи инцидентот г-дин Мек Грегор беше вознемирен од постапките на некои од луѓето кои присуствуваа на погребот.

Чуварите на г-дин Мек Грегор одлучија дека е неопходно да заминат за да избегнат непотребни шпекулации и внимание. Во Клубот Седл нудиме приватност и безбедно место кое беше домаќин и ќе продолжи да биде домаќин на настани на високо ниво. Сите инциденти кои се случуваат се пријавуваат директно во полиција и таа се справува со нив“, велат од барот.

Очигледно никогаш нема да дознаеме што точно се случило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО