Френсис Нгану откри неколку детали од преговорите за мечот против Тајсон Фјури: Не го очекував тоа

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану наскоро ќе го исполни својот сон, на 28 октомври ќе учествува во боксерски меч против еден од најдобрите светски тешкаши, шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури.

Мечот ќе се одржи според стандардните боксерски правила, а Нгану би требало да заработи најмалку десет милиони долари.

Камерунецот постојано беше критикуван поради напуштањето на УФЦ, а се чини дека неговата одлука била правилна.

Нгану потпиша договор со ПФЛ пред договорот со Тајсон Фјури, а преговорите за боксерски меч следеа многу брзо.

Поранешниот шампион на УФЦ истакнува дека се се случило многу брзо и дека за неколку недели е постигнат договор со Кралот на Ромите.

„Преговорите почнаа пред нешто повеќе од еден месец, а потоа дојде повикот од Саудијците кои сакаа да го организираат мечот. Се запознавме во Њујорк, но не очекував премногу. Отидов да го слушнам нивниот предлог и почнавме да разговараме. Не очекував, но сè се случи брзо и се беше договорено за две недели“, изјави Френсис Нгану и додаде дека воопшто не му пречи што влогот во натпреварот не е појасот на ВБЦ:

„Не ми е гајле. Не сакав ни да се борам за титулата. Се што барав беше бокс меч и тоа го добив. Борбата на 28 октомври е моја награда“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО