Тајсон Фјури ќе работи со ѕвезда на УФЦ пред боксерскиот меч со Френсис Нгану

Се чини дека на Тајсон Фјури му е потребна помош од ММА круговите, иако борбата со Френсис Нгану ќе биде закажана целосно според правилата на боксот. Излегува дека Британецот побарал помош од една од актуелните ѕвезди на УФЦ – Том Аспинал.

„Тајсон ми се јави пред некој ден и ме замоли да му помогнам во тренинг кампот, па тоа ќе биде интересно“, изјави самиот Аспинал за ТНТ Спортс.

Тој има репутација како еден од најдобрите нокаутeri во тешка категорија во моментов и е рангиран на 5-тотоместо во неговата дивизија. Ова го доближува до квалитетите на „Предаторот“, бидејќи има слични квалитети, иако навидум на повисоко ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО