Се пензионира Брок Леснар

Поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ, Брок Леснар, го извести УФЦ дека се повлекува од ММА.

39-годишниот Американец минатиот месец, е суспендиран на една година заради повеќе позитивни на допинг тестови за борба со Марк Хант на УФЦ 200. Покрај тоа е казент и со одземање на 250.000 долари.

Леснар на таа средба го победи Хант со одлука на судиите, а Новозеландецот, по се поднесе тужба против Леснар, претседателот на УФЦ, Дана Вајт и УФЦ.

На Леснар ова му е второ повлекување од ММА. Првиот заминување го најави по губењето на титулата од Каин Веласкез и поразот од Алистер Оверем, како и од здравствени причини. Кариерата успешно ја продолжи во ВВЕ/WWE.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО