Се одржа семинарот за реално аикидо „Пелистер 2021“со 50-тина учесници (ФОТО)

Вчера се одржа државниот семинар за реално аикидо „Пелистер 2021“ под покровителство на Аикидо федерацијата на Македонија на Пелистер кај Битола со учество на 50-тина аикидисти (мајстори и кандидати за мајстори).

„Семинарот помина во одлична атмосфера. Се работеше пред се базична техника со посебен акцент на комбинациите (својствено за високите појаси)“, вели претседателот на Федерацијата Ѓуро Илиќ, кој и раководеше со семинарот.

Илиќ истакнува дека на семинарот учествувале 50-тина претставници од сите  клубови во државата.

„Ова беше подготовка за возобновување на меѓународниот семинар „Пелистер“. Се надеваме уште од идната  година“, нагласува основоположникот на семинарот и додава: „Имавме најава од четворица аикидисти од странство. Но, со оглед на ситуацијата, се договоривме тоа да се случи идната сезона“.

На крајот од семинарот беа најавени државните првенства во релано аикидо -форми за деца и кадети кон крајот на септември, а за јуниорите и за сениорите еден месец подоцна.

Илиќ вели дека семинарот го водел со помош на останатите тренери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON