Шон О’Мели доби бонус за најдобра борба на УФЦ 264

Дастин Пориер ја доби трилогијата со Конор Мек Грегор на фантастичната вечер на УФЦ 264 што се одржаа во Лас Вегас. Ирскиот борец ја скрши ногата на крајот од првата рунда и не можеше да го продолжи мечот.

Како што е најавено, УФЦ ги зголеми бонусите за борците од 50 000 на 75 000 долари. Најсилната ММА организација подели бонуси по настанот.

Шон О’Мели го победи Крис Мутињо во голема борба со прекин во третата рунда, и двајцата добија бонус за најдобар меч на настанот. Крис ја прифати борбата само пред 11 дена, а го издржа скоро целиот меч.

Останатите два бонуси му припаднаа на Таи Туиваса за нокаут против Грег Харди и Дрикус Ду Плесис, кој со прекин го заврши мечот против Тревин Жилес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО