Се очекува добар резултат од Светското првенство во самбо

Sambo reprezentacija za Japonija, Narita

На Светското првенство во самбо, од 20 до 24 ноември во Нарита – Јапонија, за прв пат ќе учествува и нашата репрезентација.

За репрезенатацијата на Македонија ќе настапат Адем Камбери (-74 г) и Бајро Машовиќ (+100 кг). Репрезентацијата ќе ја предводи тренерот Ердал Факиќ.

Во Нарита ќе се одржи и Светскиот самбо конгрес, каде што Македонија ќе учествува со еден делегат.

Во нашата селекција се оптимистички расположени и очекуваат добар пласман и на двајцата натпреварувачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО