Сашко Арсовски: Негативна селекција во КФМ, најдобрите треба да не претставуваат на Европските и Светските првенства

Последната одлука на Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија донесена на состанокот одржан на 22 мај во врска со четирите изедачени (нерешени) категории, односно пополнување на местата на репрезентацијата за Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Прага, Чешка, од 17 до 19 јуни, предизвика незадоволство и рекации кај дел од засегнатите клубови.

„По однос на четвртата точка а во врска со четирите нерешени категории од последното одржано дополнително Државно изборно првенство и Плеј-оф за кадети, јуниори и постари јунири У21 за десет категории одржано во деновите 16 и 17 април 2022 година во Гостивар, членовите на Извршниот одбор со седум гласови за и еден воздржан глас од страна на Арлинд Хусеини се донесе следната Одлука:

  1. Се прифаќа предлогот од тренерите-селектори во борби, Александар Кузмановски и Арлинд Хусеини за определување на победници од четирите изедначени категории во дисциплината борби кои понатаму ќе се стекнат со право за настап на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што ќе се одржи од 17-19.06.2022 година во Прага, Чешка;
  2. Изборот на овие кандидати сеоснова Натпреварувачката комисија на КФРСМ да изготви табела со постигнати резултати и освоени бодови од настапите на осумте натпреварувачи од овие четири категории од дополнителното Државно изборно првенство и плеј оф;
  3. Се определуваат натпреварувачките од овие четири категории кои имаат остварено повисок вкупен збир на бодови на Државното изборно првенство и Плеј оф за кадети, јуниори и помлади сенири за победници во нивните категории односно:
  • Мартина Петреска–за категоријата кадети, кумите женски -54кг;
  • Филип Стојанов- за категоријата кадети, кумите машки -63кг;
  • Лука Бацковиќ – за категоријата кадети, кумите машки +70кг;
  • Витомир Трајковски – за категоријата помлади сениори – У21, кумите машки -84кг.

Ова е образложението на Натпреварувачка комисија на КФРСМ за поединечно освоените бодови на натпреварувачите во четирите изедначени категории на Државното изборно првенство и Плеј оф за кадети, јуниори и помлади сенири У21, одржано во деновите 16-17 април 2022 година, во Гостивар.

КАДЕТИ, КУМИТЕ ИНДИВИДУАЛНО ЖЕНСКИ -54КГ

Освоени поединечни бодови на Државното изборно првенство:

Име и презиме Рунда 1 Рунда 2 Рунда 3 Вкупно Победи Пораз
Мартина Петреска 4 4 0 8 2 1
ДраганаЕфтимовска 2 1 2 5 3 0
  • Освоени поединечни бодови на Плеј оф турнирот:
Име и презиме Рунда 1 Рунда 2 Рунда 3 Вкупно Победи Нерешено
МартинаПетреска 2 1 2 5 2 1
ДраганаЕфтимовска 0 1 1 2 0 1
  • Вкупно освоени бодови во меѓусебни дуели:
Име и презиме Државно Плејоф Вкупно
МартинаПетреска 0 5 5
ДраганаЕфтимовска 2 2 4
  • КАДЕТИ, КУМИТЕ ИНДИВИДУАЛНО МАШКИ -63КГ
  • Освоени поединечни бодови на Државното изборно првенство:
Име и презиме Рунда 1 Рунда 2 Рунда 3 вкупно победи порази
ВикторСпасов 1 6 3 10 3 1
ФилипСтојанов 1 3 (репасаж) / 2 3(2 во репасаж ) 1
  • Освоени поединечни бодови на Плеј оф турнирот:
Име и презиме Рунда 1 Рунда 2 Рунда 3 вкупно победи порази
ВикторСпасов 0 1 1 2 2 1
ФилипСтојанов 0 0 3 3 2 1
  • Вкупно освоени бодови во меѓусебни дуели:
Име и презиме Државно Плејоф Вкупно
ВикторСпасов / 1 1
ФилипСтојанов / 3 3
  • КАДЕТИ, КУМИТЕ ИНДИВИДУАЛНО МАШКИ +70КГ
  • Освоени поединечни бодови на Државното изборно првенство:
Име и презиме Рунда 1 Рунда 2 Рунда 3 вкупно победи порази
ЛукаБацковиќ 4 3 / 7 1 1
НезирНезири 2 4 / 6 2 0
  • Освоени поединечни бодови на Плеј оф турнирот:
Име и презиме Рунда 1 Рунда 2 Рунда 3 вкупно победи порази
ЛукаБацковиќ 6 2 / 8 2 0
НезирНезири 0 4 / 4 1 1
  • Вкупно освоени бодови во меѓусебни дуели:
Име и презиме Државно Плејоф Вкупно
ЛукаБацковиќ 3 2 5
НезирНезири 4 0 4
  • ПОМЛАДИ СЕНИОРИ – У21, КУМИТЕ ИНДИВИДУАЛНО МАШКИ -84КГ
  • Освоени поединечни бодови на Државното изборно првенство:
Име и презиме Рунда 1 Рунда 2 Рунда 3 вкупно победи порази
ВитомирТрајковски 2 3 4 9 3 0
БобанЏамѓозов 2 0 / 6 1 1
  • Освоени поединечни бодови на Плеј оф турнирот:
Име и презиме Рунда 1 Рунда 2 Рунда 3 вкупно победи порази
ВитомирТрајковски 4 3 1 8 2 1
БобанЏамѓозов 0 6 2 8 3 0
  • Вкупно освоени бодови во меѓусебни дуели:
Име и презиме Државно Плејоф Вкупно
ВитомирТрајковски 3 1 4
БобанЏамѓозов 0 2 2

 

Карате клубот Штип од Штип е еден од најдобрите клубови во нашата држава, клуб од кој Македонија се закити со најдобриот резултат во историјата на карате спортот во нашата држава, велат од КК Штип и истакнуваат дека резултатот на Емил Павлов се должи на спојот на квалитетот искуствата и знаењето на браќата Арсовски кои неуморно работат во создавање на нови спортски резултат.

Клубот покрај веќе потигнатите резултати се соочува со сериозни проблеми, а постариот брат Сашко Арсовски сака да ја запознае јавноста околу проблемите со еден од најдобрите македонски карате клубови .

„Веќе одреден период поради разлика во ставовите со одредени поединци во федерацијата имаме нарушени комуникациски односи поради нестручноста во работењто и недоследноста во спроведување на превилниците и законските обврски на поединци во раководните структури на федерацијата. Ваквата состојба е резултат на неспроведување на одредбите од Правилникот за избор на репрензетативци каде директно се оштетени наши натпреварувачи. Како пример ќе го наведам изборот на репрензетативци за престојното првенство во Прага, Чешка, за кадети, јуниори и помлади сениори. Во согласност со одредбите од овој Правилник, во делот за избор учествуваа наши натпреварувачи, рамноправно да се борат во трката за стекнување статус репрензетативец, каде по завршување на изборниот циклус КК Штип во неколку категории изборија пласман за ЕП, а во категоријата помлади сениори -84 кг Џамѓозов член на КК Штип и Витомир Трајковски имаа ист број бодови, за што изготвувачите на овој правилник не успеаја да го предвидат, па немаа решение кого да изберат. Аномалиите од усвоениот правилник и нивните задоцнети реакции  произведоа последици и овој пат на штета на натпреварувачот на КК Штип, Џамѓозов .Прашањето зошто и како е така постапено ние како оштетена страна не добивме одговор иако имаме  пратени неколку  дописи поврзани со овој случај кој не е единствен“, вели Сашко Арсовски, поранешен репрезентативец и селектор и потенцира:

„Она што сакам со жалење да го кажаме дека сме принудени да ја побараме правдата рамките на повисоките институции задолжени за спортистите. Па, ова е повик до Агенцијата за млади и спорт да го испита барем последниот случај и да застане на страна на спортистите, а да го спречи самоволието на раководството на Карате федерацијата.

Тренерот на Штип вели дека се оштетни неговите каратисти Бобан Џамѓозов, Виктор Спасов и Драгана Ефтимовска.

Арсовски вели дека се докажани спортисти и тренери и нема да се откажат додека не се расветли овој и сите други вакви случаеви настанати како резултат на нестручност во работењето.

„Па добро е да ги здружиме силите со другите два исти случаи во оваа борба за правда во спорот и на спортистите како ова не би се повторувало и во иднина“, апелира Сашко Арсовски.

„На крајот само би сакал да додам дека се срамам од колеги и спортисти, кои на еден нечесен и неспортски начин а на штета на едни и во  корист на други, се преставуваат како спасители на спорот и спортистите, што секако не е така. И, искрено верувам дека надлежните ќе ја препознаат својата одговорност да стават точка на неправдата и манипулациите во спорот. Ние како клуб секогаш ќе останеме на висина на својата задача и убедувања дека најдобрите ќе треба да не претставуваат на Европските и Светските првенства“, истакнува Арсовски,

Записник од седница на ИО на КФМ за 22.05.2022

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО