Ангела Мојсовска: Среќна сум што освоив медал на БП, следна цел е Европската универзијада

Ангела Мојсовска со бронзениот медал на Балканското првенство во карате за сениори изминатиов викнед во Белград-Србија, покажа дека има квалитети за високи дострели во сениорска конкуренција.

Мојсовска имаше две победи и триумф во борбата за бронзата.

„Можам да кажам дека сум задоволна од настапот на ова Балканско сениорско првенство. Среќна сум што сум медалист на едно вакво големо натпреварување. Веќе се почесто сум меѓу сениорските пласмани и тоа ми дава само уште поголем поттик и мотивација за работа и желба за успех. Резултат на сето ова е добрата и правилната работа со мојот тим – Карате клубот Макпетрол“, вели Мојсовска и додава:

„Во наредниот период останува да се продолжи со истото темпо и уште подобро да се подготвиме за успешен настап на следното натпреварување, а тоа е Европската универзијада“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО