Дерик Луис: Ако сакаш да заработуваш, не станувај борец

Поранешниот предизвикувач за титулата во тешка категорија на УФЦ, Дерик Луис, е категоричен дека заработувањето пари од ММА не треба да биде главна цел за борците. Американецот рече дека ако барате начин да се збогатите, тогаш боречките вештини не се ваша работа.

„Треба да најдете нешто друго. Веројатно ќе заработите повеќе пари со едноставна работа. Немав избор. Сакам да се борам. Го направив тоа без пари на улица“, изјави Луис на блогер на Јутјуб.

Луис има освоено седум бонуси од неговите борби во УФЦ. За неговата победа со нокаут над Александар Волков добил 270.000 долари без дополнителниот бонус.

Луис раскажува како успеал да вози скапи автомобили:

„На почетокот УФЦ не ти плаќа многу, но јас сум во топ 5 и затоа добивам повеќе пари“, додаде нокаутерот, кој на своето деби во УФЦ заработи само 16.000 долари.

Луис, познат и како Црниот ѕвер, вели дека има и други извори на приход.

„Имам козметички салон, транспортна компанија и се борам“, изјави Дерик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО