Сашко Арсосвки – најдобар тренер за 2018-та: Главна цел ни е Олимпијадата во Токио 2020 и ќе успееме во тоа!

Каратето еден најуспешните спортови кај нас и не соменоно на синоќешното доделување на наградите за Најдобри спортисти во 2018 година собра поголем дел од признанијата, а една од нив е тренер на годината која му припадна на тренерот на сениорската карате селекција Сашко Арсовски. Пред најдобриот тренер е период од гоидна ипол да се обезбеди олимписка норма без вајлд-карта. Сето тоа треба да биде направено во многу силна конкуренција, затоа што станува збор за само по три олимписки категории во борби за мажи и жени, при што многу нации нагазија здраво за да имаат олимпиец во каратето на Олимписките игри во Токио 2020.

Имате ли конкретни планови како да се стигне до Токио?

-Што повисок пласман на светската ранг листа, а тоа значи дека првиот и вториот од секоја категорија директно ќе се пласираат на Олимпјадата. Ќе имаме специјални подготовки, а веќе на 17 јануари патуваме за Рим каде што ќе учествуваме на Светскиот карате камп до 24-ти. На кампот ќе учествуваат светските велесили како Јапонија, Казахстан, Русија, Италија и други земји. Од Рим заминуваме за Париз, за да настапиме на првиот турнир на Карате 1 Премиер лигата.

Кој е предизвикот на најдобриот тренер во Македонија во мини циклусот до Олимпијадата во Јапонија 2020 година?

-Прво да ги одработиме квалификациите за Европското првенство во Гвадалахара, Шпанија, од каде што очекуваме медал, иако не сакам предвреме да зборувам за тоа. Потоа следат турнирите на Премиер лигата, а секако главната цел ни е Олимпијадата и мислам дека ќе успееме во намерите да обезбедиме олимписка норма.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО