Сасагава ЈКФ: Петицијата-каратето на ОИ 2020-предадена на министерот Шимомура!

jkf-president-sasagawa

Претседателот на Јапонската Карате федерација (ЈКФ), Такаши Сасагава, беше во посета на Министерството за образование, култура , спорт, наука и технологија (MEXT) и лично му го предаде писменото барање на министерот Хакубун Шимомура, со искрена желба каратето да се вклучи како официјален настан на Олимписки игри 2020 година, што ќе се одржат во Токио.

 Петицијата беше подготвена од страна на Светската карате федерација (ВКФ), претставувана од претседателот Антонио Еспионз и од ЈКФ, чиј претседател е Такаши Сасагава. Разговорите меѓу министерот Шимомура и претседателот Сасагава, кој беше придружуван од претставници на ЈКФ, биле многу симпатични од почетокот до крајот. Министерот Шимомура нестрпливо побарал детали за моменталната состојба на карате активностите и одговорил дека дава целосна поддршка каратето да стане официјален олимписки спорт.

 Министерот Шимомура изразил голем интерес за објаснувањето на претседателот Сасагава дека спортистите со инвалидитет ќе бидат во можност порано да се натпреваруваат на карате настаните во светот, и со вклучување на карате како официјален спорт, не само на Олимписките игри, туку и на Параолимпијадата, и тие ќе бидат дел од олимпиското семејство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО