Сара Радичевска златна на Светскиот куп „Лашко 2016“, сребро за Ненад Келебиќ

Sara radicevska

Сара Радичевска од Макпетрол во категоријата до 50 колограми во финалето на Светскиот куп „Лашко 2016“ ја совлада Србинката Јелена Миливојчевиќ, a ненад Келебиќ од КК Цветан Димов го освои сребрениот медал во категоријата до 67 кг.

Сара Радичевска во Словенија. Таа победи во категоријата до 50 кг, совладувајќи ја во финалето Србинката Јелена Миливојчевиќ. До финалето стигна со победите над Зринка Презер-Хрватска 1-0, Сузана Лучиќ-србија 3-0, Бетина Планк -Австрија 1-1 со судиско изјаснување.

Бронзи во оваа категорија освоија Австријката Бетина Планк и Украинката Катерина Крива.

Nenad kelebik na piedestal na Lasko 2016

Ненад Келебиќ, член на КК Цветан Димов од Скопје, во финалето загуби од Австриецот Штефан Покорни, а бронзи во категоријата до 67 кг освоија Србинот Стеван Јоксиќ и Унгарецот Ив Тадиси. Инаку, Келебиќ ги совлада Томас Кесерер-Австрија 6-3, Жрени Делес-Белгија 3-0, Валери Степанчук-Украина 4-1 и во полуфиналето Мартиал Ивес Тадиши – Унгарија 2-0.

Nenad Kelebik so Jovan i Enes na Lasko 2016

Во категоријата до 55 кг, борби, за жени, Јована Георгиева од КК Македонка го освои седмото место, а Ико Ташов од Металург (-67 кг) и Шабан Муртиши (КК Дрини, до 60 кг) завршија на петтото место. Тачов во репасажот имаше две победи и еден пораз. Ико ги совлада Доминик Микула-Чешка и Абделатиф Бенхалед-Алжир со по 1-0, а во директната пресметка за бронзениот медал е поразен од Србинот Стефан Јоксиќ 1-1 со судиско изјаснување.

Lasko 2016 plasman tabela

Муриши исто така имаше две победи во репасажот против Ихор Ухнич-Украина 4-2 и Милош Петровиќ 1-1, а во клучната борба за третото место загуби од Олег Флипович-Украина 3-1.

Lasko tabela klubovi 2016

Во оваа категорија Давид Петков-Металург имаше две победи, Виктор Романенко-Украина беше совладан со 2-0 и Маамар Руичи (Алжир) со 1-0, а доживеа пораз од 3-0 од Кумар Прем Селван од Малезија.

Балканскиот првак, Емил Пвалов, беше совладан со 5-1 од Олег Флипович-Украина 5-1.

Да потсетиме дека вчера Иво Цветковски од Металург во категоријата до 75 килограми го освои златниот. медал

Ipon.mk/В. Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО