Сребрен медал за тетовката Блерина Сефери на Европскиот куп во Загреб, Абреша Реџепи девета

Blerina na Evropksiot kup vo Zgareb

Тетовчанката Блерина Сефери (-52 кг) која настапува за германската репрезентација го  освои сребрениот медал на Европскиот џудо куп за кадети во Загреб-Хрватска.

Во финалето Сефери се сретна со Гефен Примо од Израел и беше поразена со еден ипон и мораше да се задоволи со сребрен медал.

Таа нанинижа три победи во нејзиниот пул против Андреа Боронтис –Романија со ипон, Бруна Билиќ-Хрватска со ипон и 2 јукоа, и Марија Ивковиќ-Србија со вазари, а во полуфиналето беше подобра од Наталија Кропска од Послка совладувајќи ја со еден ипон. Во финалето Сефери се сретна со Гефен Примо од Израел и беше поразена со еден ипон и мораше да се задоволи со сребрен медал.

Abresa Redzepi vo Spanija EK 3

Македонската репрезентативка Абреша Реџепи (-48 кг) беше поразена во првото коло од Французинката Ширин Букли со еден ипон и еден јуко. Во репасажот се сретна со Ана Прима од Украина и ја победи, но во наредната борба беше поразена од Мариса Андриќ од Австрија, со што гоосвои 9 место.

И Борче Ангелов (- 66 кг) доби шанса во репасажот. Првата борба беше поразен со ипон од Французинот Кенси Бенгезми, а во репасажот од Австриецот Фабиан Хофер со ипон. Во оваа категорија настапи и Еди Шерифовски,  кој беше поразен со ипон од Премислав Литвин од Полска.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО