Спасески и Османоски имаа средба во АСМ!

Osmanoski i Spaseski vo ASM

Дирекоторот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, денес го прими Бени Османоски, светски првак во мај тај до 82,5 кг во ВКУ.

Османоски и Спасески имаа пријатен разговор, притоа Бени ја раскажа својата приказна до светскиот врв, а првиот човек на АСМ ја истакна неговата гордост на потеколото и што секаде настапува под знамето на Македонија.

Спасески му посака успех во одбранта на светската титула и најави соработка со нашиот врвен спортсит.Osmanoski so makedonskoto zname

„Сонот на момчето од Октиси се остварува. Неговиот талент го препознаа спортските работници во Биел, инвестираат во него, Ги има сите услови за тренирање (тренер, кондицион тренер, психолог, физиотерапевт, светски имиња за тренирање и соработка), но тој сеуште успева да одолее на понудите и вели дека Македонското знаме заслужува да се носи со гордост“, нагласуваат од АСМ.

АСМ ја раскажува приказната на Османски, односно дека е роден пред 26 години во Октиси, Струга, Во 1997 година Бени почнува да тренира кик бокс во Струга, а преку Словенија оди за Швајцарија, каде што живее и тренира веќе шест години во малото градче Бил, во близина на Берн. Настапува за тамошниот клуб „Мај тај шадо боксинг клуб“, во сопственост на неговиот тренер Роџер Руби, поранешен шампион на Швајцарија во карате, кој е истовремено и менаџер во клубот.
Настапувал во во К-1, кик и лајт- контакт, а сега настапува професионално во категорија до 83 килограми во К-1, кик бокс и тај-бокс. Во својата кариера има 52 борби, 46 победи од кои 31 со нокаут. Има освоено 4 титули во Швајцарија во сите дисциплини, Четири европски титули (ВФЦ,ВФМЦ,ИСКА,ВПКЦ) и титулата Светски шампион во тај-бокс (ВКУ) до 82,5 килограми.
На 3 октомври ќе учествува на турнирот во Берн „Фајт фор глори“, каде што ќе ја брани светската титула. Има гостувано на Еуроспорт и сите спортски познати медиуми во Швајцарија.
Има потпишано договор за 4 борби на претстојниот „Микс фајт гала“ на 4 декември во Германија, кој директно ќе оди на Еуроспорт.
ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО