Мики Рурк наесен се враќа во рингот!

Miki Rurk so nokaaut

Американскиот актер, Мики Рурк, планира да се врати на боксерскиот ринг наесен. Ова го соопшти за ТАСС неговиот агент, Вадим Корнилов.

„Се уште разгледуваме опции. Во сите варијанти тоа ќе е меч во шест рунди. Мики за враќањето тренира веќе половина месец“, изјави Корнилов.

Miki rurk povtorno

Рурк, кој има 62 години, се врати во професионалниот бокс кон крајот на ноември 2014 година. Тогаш , во Москва, го победи со нокаут сонародникот Елиот Сејмур (29). Рурк почнува да се занимава со бокс на 12 години, но ја запира професионалната кариера поради актерскиот ангажман. Во 1991 г. се врати во рингот и одработи осум средби под водство на Фреди Роуч, кој ги тренирал Мајк Тајсон и Оскар де ла Хоја. На овие осум меча Мики забележа шест победи (4 со нокаут), а два завршија нерешено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО