„Самурај“ е првиот ММА клуб во Штип!

Samuraj Stip MMA

Во градот под Исарот, Штип, од неодамна почна да рботи првиот клуб за мешани боречки вештини „Самурај“. Според творецот на клубот, Мирза Сендиќ, мешаните боречки вештини земаат голем замав. Тие се многу популарни кај младите, вели тој, поради познатите борци, како Мирко Филиповиќ, Ронда Русеј, Андресон Силва, Џон Џонс, Федор Еминијаленко и останати шампиони во едни од најголемите светски организации, УФЦ, Белатор, Прајд, ФФЦ и други.

„Клубот за ММА ,,Самурај” е нова искра на боречките вештини кик-боксинг, бразилско џиу џицу, џудо, борење, дисциплина проследена со преголеми амбиции, напорни тренинзи и дружење. Тимот на Самурај е составен од доста талентирани и искусни борци во различни спортови како што се кик-боксот, бразилското џиу џицу, каратето“, вели Сендиќ, кој минатата година се проба и во самбо.

Тој истакнува дека на почетокот било тешко, но преголемата желба да се формира клуб, каде што ќе се тренираат најразлични техники, кардио вежби и ќе се стекнува искуство од мајстори кои го сакаат спортот, била неприкосновена.

„Некои членови набргу ќе се соочат со своите големи предизвици, како што се борби во кафез. Дарко Рунчев со своето искуство од кик-бокс и каратето, под мое раководство секојдневно ги усовршува техниките од бразилско џиу џицу. Пресреќен сум што како верни клупски пријатели ги имам Дарко Јорданов и Иван Трајчев, момчиња кои со големи напори се стремат кон високи цели во боречките вештини“, вели Сендиќ.

Мирза не сака да открие какви планови следуваат за Рунчев, но нагласува дека членовите на „Самурак“ ќе се натпреваруваат во бразилско џиу џицу во склоп на клубот ,,Карлос Маија“.

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО