Само жена од ММА сака да се бори со кечерот СМ Панк!

Loren marfi

На крајот на минатата недела раководството на УФЦ соопшти дека кечерот Фил „СМ Панк“ Брукс ќе настапува во октагонот според правилата на ММА.

Брукс немал никакво искуство со боречките спортови во минатото и тоа предизвика бран на незадоволство кај професионалните борци, кои со крв и пот се обидуваат да опстанат во топ организацијата.

Сепак се наоѓаат и луѓе кои сакаат да се соочат со познатиот кечер во ММА . Имаше предизвикувачи од различни категории, а од денес и од различен пол.

Натпреварувачката кај жените, Лорен Марфи (8-1), изрази желба да биде првата противничка на Брукс во октагонот.

„Аха… СМ Панк не знае дури во која категорија ќе се бори. Не знам каде тренира, но сигурно до сега не правел спаринг и е бел појас … Може ли јас да се борам со него?“ Брукс планира своето деби во УФЦ да го има до средината на следната година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО