Павлов го оживува „Спартак“! (ВИДЕО)

borenje_spartak

Борењето во Кочани нема да остане заборавена спортска вештина, а боречкиот клуб “Спартак“ нема да престане со работа. Само ентузијазмот и љубовта кон спортот ги врати на душекот поклониците на борбата што кај нас има долга традиција.

Поранешниот борач на Спартак од Кочани, Александар Павлов, со ентузијазам се обидува да го оживее борењето во некогашниот вицешампион на Европа, кој сега е на границата на опстојување. Павлов доброволно застанува на тренерската позиција за да ги обнови тренинзите, затоа што има извесен застој.

Неполн месец Павлов работи со двајца млади, талентирани, борачи кои останаа во клубот.

„Пред тоа имавме петмина, но тројца од нив отидоа во Скопје да го продолжат образованието. Сепак, тие се регистрирани за „Спартак“ и настапуваат за клубот, а овде ни останаа само двајца, Но, за половина месец, откако почнавме со работа, имаме околу 12-13 нови борачи. Со мал мотив и поддршка од некои постари борачи како Зоран Митев, Ѕвонко Кировски и од претседателот на БК „Спартак“, Јордан Димитров, и со сите други борачи, се собравме и решивме да го вратиме борењето на патот на кој беше“, истакна Павлов.

borenje kiro ristov turnir

Плановите за натпреварување за сега се скромни, затоа што Павлов е свесен за нивото на кое се наоѓа клубот и подготвеноста на неговите членови.

– Во сениорска конкуренција не можеме да кажеме ништо, затоа што, ете и јас сум сениор, но веќе четири години не се натрпеварувам, а три како не сум регистриран за „Спартак“. Значи, не сум член на ниту еден клуб. Тешко дека старите борачи ќе се вратат. Ние ги отвораме вратите за сите борачи, да дојдат, да тренираат, пред се да покажат некој зафат. Секој од нив да покаже нешто, тоа е добро за децата, па можеби и кај нив ќе се врати желба и волја. Така можеме да се надеваме да излеземе и да се натпреваруваме во сениорска конкуренција. Но, пред се, ќе настапуваат младите во пионерска, кадетска и младинска конкуренција, посочува Павлов.

Засега е педвидено младите борачи да учествуваат на домашни турнири, изборни првенства и на некој меѓународен меморијален турнир. Сето тоа ќе зависи од средствата што ќе се обезбедат, затоа што клубот нема официјален спонзор.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО