Кличко е најдобар градоначалник во Европа!

Vitalij Klicko

Поранешниот светски шампион во бокс во супертешка категорија, Виталиј Кличко, е избран за најдобар и демократски градоначалник на Стариот континент.

Престижната награда, по името на првиот федерален канцелар Конрад Аденауер, се доделува за „исклучителен придонес и достигнувања во организацијата на животот и работата на големиот град“, мислејќи на Киев, каде што е градоначалник.

Од Организацискиот комитет се импресионирани од драстичната промена на кариерата на постариот од браќата Кличко, кој го напушти светот на боксот, за да се впушти во политиката и да го преземе управувањето на Киев. Тој ја добива наградата заради својот владеачки талент, исто така и поради „машкоста и посветеноста при разгледувањето и решавањето на различни проблеми“.

Наградата е основана во 2002 година и се доделува на секои две години, а Кличко го освои признанието за периодот 2014-2015 година. Наградата ќе биде врачено на градоначалникот на Киев напролет, на официјална церемонија во Келн .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО