Злато за Петар Спасеновски, сребра за Неделковски, Јованоска, Идризи и Ацковски на Гран при Кроација

 

Само Петар Спасеновски (-84 кг) во У-21 освои златен медал на Меѓународниот карате турнир „Гран при Кроација“ во Самобор – Хрватска, додека Пуликсенија Јованоска и Александар Неделковски во кати сениори и Абурахим Идризи (-60 кг) и Роберто Ацковски (-67 кг) во У-21 загубија во финалните борби и освоија сребрени медали, Ангела Мојсовска (-68 кг, У-21) бронза.

Петар Спасеновски во финалето го совлада Ади Гјурик од словачката репрезентација 1-0. До финалната борба ги победи: Емил Глухамедов 3-0, Олег Стандиченко 1-0 – Илија Радоњиќ 4-1.

Ацковски славеше над Лоренцо Карамањно 1-0, Страхиња Бранковиќ 3-0, Антонио Гргиќ 3-2, Наида Валентин 3-2, а во финалето е поразен од европскиот првак Лука Кондиќ 0-1.

Идризи ги победи Мусеиб Мамадов 0-0, Рикардо Долезсал 3-1, Олег Мелехин 0-0 и во финалето загуби со неопуларен резултат 0-0 од Андраш Киш.

Мојсовска триумфираше против Луца Шедо 7-6, Марина Радичевиќ 4-4,  а Марина Каприте беше подбра од Ангела во полуфиналето со нерешниот резултат 8-8, но со прв освоен поен. Во репасажот за бронзата Мојсовска за победи Ивана Галиќ од Неретва (Босна и Херцеговина).

Во оваа категорија и Сајра Морина од Кеикс се бореше во полуфиналето и загуби 0-2 од Садеа Беќировиќ, а во репасажот не успеа да стигне до бронзата, затоа што Купчук Марина од Украина беше убедлива 1-6.

На Моника Пендаровска (-55 кг, У-21) и избега бронзата, бидејќи нејзината борба со Жофија Брањи заврши 1-1,што значи дека противничката прва освоила поен.

Јованоска пред финалето славеше против Ника Јукиќ 0-0, Дорота Блацијарова 3-2, Јана Вањашуникова 4-1, а со 2-3 е поразена во финалето од Марија Фурсава.

Неделковски ги победи Тан тунг Нгујен 5-0, Илија Ковал 4-1, Јулиан Енрик Смолига 3-2, Томислав Столар 3-2, додека Азербејџанецот Роман Хејдаров салвеше во финалето со 1-4.

Медалисти:
Златeн
Петар Спасеновски (-84 кг, У-21), Макпетрол

Сребрени
Пуликсенија Јованоска – кати, сениори, Фунакоши Гичин
Александар Неделковски – кати сениори, Металург
Абурахим Идризи (–60 кг, У-21), Макпетрол
Роберто Ацковски (-67 кг, У-21), Металург

Бронза
 Ангела Мојсовска (-68 кг, У-21),Макпетрол

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО