Трилогија: Канело – Головкин – по трети пат во мај

 

Оскар де ла Хоја изјави дека води преговори за трет меч меѓу Сол Алварез – Канело и Генади Головкин.

Канело, кој го води Де ла Хоја, планира борба за 4 мај во Лас Вегас, местото каде што се сретнаа два пати претходно.

Головкин е неактивен откако се бореше со Канело во септември 2018 година. Тогаш ги загуби титулите од Мексиканецот во средна категорија на ВБЦ и ВБА.

Нивната прва средба се одржа во септември 2017 година и заврши со контроверзен резултат – нерешено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО